Линијата сега вклучува нова машина за перење BESPOKE AI™, која може да се пофали со А-55% поголема енергетска ефикасност, заедно со Bespoke AI Laundry Combo™ и со машина за садови Bespoke
Samsung Electronics ја објави својата најнова енергетски ефикасна линија на апарати за европски начин на живот на саемот IFA 2024. Новата палета производи вклучува машина за перење BESPOKE AI™ со А-55% поголема енергетска ефикасност, Bespoke AI Laundry Combo™, која доби оценка A за целиот циклус на перење, и машина за садови Bespoke со A-10% енергетска ефикасност. Потпирајќи се на долгогодишната посветеност на подобрување на енергетската ефикасност, Samsung ги подобри своите основни технологии за да одговори на потребите на потрошувачите за подобри начини за заштеда на енергија во секојдневниот живот.
„Samsung има долгогодишно искуство во донесување на своите енергетски ефикасни производи на европските пазари, а IFA е идеална платформа за прикажување на вакви решенија,“ изјави Мујунг Ли (Moohyung Lee), извршен потпретседател и раководител на тимот за корисничко искуство во секторот за дигитални апарати на Samsung Electronics. „Очекуваме дека новите модели ќе бидат вистинскиот избор за клиентите кои бараат поголема енергетска ефикасност во домот.“
Поефикасно искуство со перење
Најзабележителниот успех од линијата на Samsung со висока енергетска оценка на IFA 2024 е машината за перење BESPOKE AI™. Моделот кој е планираn за лансирање следната година троши до 55% помалку енергија од минималните барања за енергетска ефикасност за класа А. По моделот A-40% кој беше лансиран во првата половина од оваа година, новиот производ ги применува технологиите на Samsung за да постигне дополнителна заштеда на енергија.
Samsung применува напредни технологии за да постигне до 55% помала потрошувачка на енергија во однос нА минималните барања за енергетска ефикасност за класа А. Основата на овие напредни технологии е Bubble Shot, која влече сапунска вода преку циркулациска пумпа и ја прска врз алиштата во барабанот. Ова го прави перењето поефикасно, затоа што алиштата полесно се натопуваат и детергентот рамномерно продира во облеката. Се комбинира со Ecobubble™ и алгоритми за дополнителна енергетска ефикасност.
Имплементацијата на AI Home е уште една забележителна промена. Овој 7-инчен широк LCD екран на уредот служи како интуитивен контролен центар за перење. Корисниците не само што можат брзо да го изберат циклусот на перење, туку и да добијат персонализирани препораки за перење кои одговараат на нивните навики и периодични потреби. Ова овозможува ефективна корисничка контрола и грижа за алиштата.
Сеопфатно решение за енергетски ефикасно перење
На саемот IFA, Samsung, исто така, ја прикажува Bespoke AI Laundry Combo™ која наскоро ќе биде достапна на европскиот пазар. Овој модел комбинира машина за перење и сушење во еден уред, ослободувајќи ги корисниците од потребата да ги префрлаат алиштата по перењето во машина за сушење. Ова комбо се издвојува по тоа што има значително подобрување во енергетската ефикасност, постигнувајќи оценка A за целиот циклус на перење и сушење со A-20% за перење. Ова е највисокото ниво во комбо линијата на Samsung во Европа.
Samsung напорно работи за да ја подобри ефикасноста на сушењето. Технологијата за сушење со топлинска пумпа ги суши алиштата брзо, нежно и ефикасно при ниски температури. Дополнително, специјално дизајнираната структура на каналот ја подобрува ефикасноста на внатрешната циркулација на воздухот, овозможувајќи ефикасно повторно користење и пренос на топлинската енергија. Во меѓувреме, имплементирана е технологијата Bubble Shot за да се постигне висока енергетска оценка само во циклусот на перење. Ова го прави перењето поефикасно со прскање на сапунска вода врз алиштата со помош на циркулациска пумпа. Како резултат на тоа, целосниот циклус на перење на комбото ги надминува минималните барања за енергетска ефикасност за класа А до 20%, при што циклусот на перење и сушење добива заслужена класа А.