Apple ќе го претстави новиот iPhone следната недела, но еден производ може да биде укинат во исто време.
Кога минатата година компанијата ги замени кожните маски за iPhone и ременчињата на Apple Watch со нов материјал наречен FineWoven, мислеа дека тоа ќе биде добар потег.
Сепак, има се повеќе поплаки од корисниците, а неодамна се појавија гласини дека FineWoven би можел да биде укинат веќе следната недела.
Дека веројатно има некоја вистина во ова потврдува и извештајот на Bloomberg, во кој се наведува дека залихите на оваа ставка во продавниците на Apple се многу мали – или планираат целосно да ги повлечат, или да претстават некоја подобрена верзија.
Имаше некои проблеми со квалитетот што предизвикаа прекин на производството на една серија материјал FineWoven, а покрај маските за iPhone и ременчињата на Apple Watch, компанијата нуди и приврзок FineWoven AirTag и паричник кој има MagSafe.