Instagram подготвува нова функција за своите корисници, а тоа е можност за оставање коментари за Stories.
Досега корисниците можеа да реагираат на Instagram Stories само преку директни пораки, но дојде време за промени. Новата функција нуди „повидлив“ начин корисниците да остварат интеракција со објавите на нивните пријатели. Лицето што ќе ја објави приказната повеќе нема да добива коментари како директни пораки, а претставник на Meta, во чија сопственост е Instagram, istakna дека „коментарите ќе живеат само на Stories“.
Коментарите на Story може да се вклучуваат и исклучуваат за секоја објава. Кога се вклучени, коментарите може да ги види секој што следи одреден профил, но само лицата кои меѓусебно се следат на Instagram. Како и во случајот на пост на Story, коментарите ќе исчезнат по 24 часа. Малите профилни фотографии на луѓето кои коментираат на Story ќе се појават во долниот дел на иконата Story, така што корисникот ќе знае дали има коментари пред да ја види објавата.
Од друга страна, корисниците и натаму ќе имаат опција да одговорат на Stories со директна порака доколку корисникот што ги објавува избере да прима такви пораки во поставките на нивниот профил. Исто така, постои опција за испраќање директни пораки како одговори на коментари на Stories, што може да се направи со повлекување налево на текстот и со избирање на DM иконата.
Instagram нуди сè повеќе начини за уредување на своите приказни. Објавите може да се креираат со помош на приспособливи шаблони, можно е да се добие позадина генерирана од вештачка интелигенција и да се користат голем број интерактивни налепници.