На вечерашниот настан наречен „It’s Glowtime“, Apple ја претстави новата iPhone 16 серија смартфони, како и новиот iOS 18, кој ќе биде целосно поддржан од Apple Intelligence.
Најнови флегшип смартфони на компанијата се iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max, кои пристигнуваат со поголеми дисплеи, целосно ново Camera Control копче и A18 Pro чип. iPhone 16 Pro има 6,3-инчен дисплеј, додека iPhone 16 Pro Max има екран од 6,9-инчи, најголем досега кај iPhone, а границите околу дисплеите се најтенки од сите уреди на Apple. Рамката од титаниум сега има нова завршна обработка и доаѓа во освежен избор на опции на бои: потемна Black титаниум, посветла White титаниум, Nature титаниум и новата нијанса Desert титаниум.
Уредите се напојуваат со новиот A18 Pro чип, направен со помош на 3-nm технологија од втората генерација. Нуди 16-јадрен невронски мотор со 17% повеќе пропусен опсег на меморија, што ги прави задачите на Apple Intelligence до 15% побрзи во споредба со претходната генерација. Процесорот со 6 јадра има две јадра за перформанси и четири јадра за ефикасност, обезбедувајќи 15% побрзи перформанси и 20% поголема ефикасност во однос на A17 Pro кај iPhone 15 Pro серијата. Дополнително, графичкиот процесор со 6 јадра е до 20% побрз од A17 Pro, со хардверски забрзаниот ray tracing за пореално осветлување во игрите. Поддржани се и поголеми USB-C брзини и двојно поголема обработка на податоци за кодирање видео.
iPhone 16 Pro располага со нова Fusion камера од 48 мегапиксели со втора генерација quad-pixel сензор, што овозможува нула доцнење на блендата за ProRAW и HEIF фотографии од 48 мегапиксели. Ултрашироката камера за првпат има quad-pixel сензор од 48 мегапиксели со автофокус, а тетрапризма телефото камерата со 5x оптички зум сега е достапна и на iPhone 16 Pro и на iPhone 16 Pro Max.
Apple ги обнови фотографските стилови за да овозможи прилагодување на боите и сенките во реално време, приспособувајќи ги специфичните тонови на сликата. Стиловите може да се персонализираат подлабоко, со нови црно-бели и природни опции и може да се применат за време на прегледи во живо или по снимањето на фотографијата.
Fusion камерата од 48 мегапиксели на iPhone 16 Pro, исто така, поддржува снимање видео со 4K120 fps во целосен HDR, што може да се користи во slo-mo или редовен видео режим. Опциите за репродукција вклучуваат 120, 60, 30 или 24 fps, со интелигентен аудио третман за намалување на бучавата од ветерот. Способноста за снимање просторно аудио овозможува поизвонредни снимки, особено кога се споени со AirPods или Apple Vision Pro.
Новото Camera Control копче е сместено од десната страна под копчето за вклучување и станува збор за сафирно капацитативно копче со хаптик фидбек, кое е дизајнирано да биде на исто ниво со куќиштето. Camera Control служи за стартување на камерата и за менување на функциите во рамки на камерата (на пример зумирање, менување на фокусот и експозицијата). Camera Control добива и визуелна интелигенција, нова функција на Apple Intelligence ексклузивна за iPhone 16 линијата. Визуелната интелигенција се стартува со Camera Control копчето и им овозможува на корисниците да ја насочат камерата на iPhone кон било кој објект и да добијат контекстуални детали како што се информации за ресторан, како и да преземаат дејства како пополнување календарски настан.
Траењето на батеријата е зголелемо до 33 часа на iPhone 16 Pro Max, што е овозможено од новата механичка архитектура и напредно управување со енергијата, со 20% подобри одржливи перформанси поради подобрена дисипација на топлина.
iPhone 16 Pro започнува од 999 долари за 128 GB, додека стартната цена на iPhone 16 Pro Max со 256 GB изнесува 1199 долари. Новите смартфони се достапни се за преднарачка од петок (13 септември), а ќе бидат пуштени во продажба на 20 септември.