Apple ја претстави новата генерација паметни часовници Watch Series 10, која може да се пофали со најголемиот екран досега, кој воедно е и прв Ultra-Wide OLED дисплеј
На вчерашниот настан на Apple наречен „It’s Glowtime“ беше објавен новиот паметен часовник Apple Watch Series 10, а извршниот директор на компанијата, Тим Кук истакна дека чсовникот се карактеризира со уште повеќе функции, интелигенција и уникатен дизајн.
Apple Watch 10 го донесува најголемиот дисплеј досега на паметните часовници на Apple, дури и поголем од Apple Ultra 2 моделот. Бројните опции околу следењето на здравјето, спортските активности и другите функции се подобрени со интелигенцијата напојувана од новиот S10 чип, кој доаѓа со четиријадрен NPU, што овозможува поробри перформанси за функциите како SOS пораки, детекција на судари и намалување на вревата додека зборувате. Часовникот ги следи здравствените параметро како што се отчукувања на срцето, аритмија, sleep apnea, како и температура на телото. Корисниците кои се занимаваа со спорт ќе го ценат неговиот полесен дизајн и напредни фитнес функции.
Дисплејот и рамката се заоблени, а Apple за прв пат претстави широкоаголен OLED дисплеј кој овозможува подобра видливост од секој агол. Дисплејот е за 40 проценти посветол од сите агли, а самиот часовник е најтенкиот досега во понудата на Apple. Дебелината изнесува 9,7 милиметри, има метална задна страна, а најлесната серија доаѓа во верзијата Titanum и е полесна за 20 проценти.
Apple Watch 10 има и брзо полнење, кое овозможува полнење на батеријата од 80 проценти за само 30 минути.
Цената на новиот Apple Watch 10 започнува од 399 долари, а продажбата ќе стартува на 20 септември.
Новитет е и Apple Watch Ultra 2, кој е претставен во црна боја, отпорен на гребнатим, а новиот изглед го разбиваат бојата на круната и Action копчето на левата страна на часовникот. Цената изнесува 799 долари, а ќе биде пуштен во продажба на 20 септември.