Huawei го претстави првиот паметен телефон во светот со тројно преклопување, кој е наречен Mate XT Ultimate Design. Како што можете да претпоставите, овој необичен и иновативен уред воопшто не е евтин. Цената во Кина започнува од 19.999 јуани (2.550 евра) за верзијата со 256 GB простор за складирање и достигнува 23.999 јуани (3.050 евра) за моделот со 1TB меморија. Сите варијанти се со 16 GB RAM меморија.
Huawei Mate XT Ultimate Design моментно е најтенкиот телефон на преклопување, со дебелина од само 3,6 милиметри. Mate XT нуди дисплеј од 10,2 инчи со резолуција од 2232 x 3184 пиксели, кој може да се трансформира во помал панел од 7,9 инчи. Во преклопена состојба, достапен е дел од екранот со дијагонала од 6,4 инчи. Моделот е опремен со батерија со капацитет од 5600mAh, која поддржува брзо жично полнење на 66 вати и безжично полнење на 50W.
Смартфонот нуди тројна примарна камера со главен сензор од 50MP со променлива решетка F1.4-F4.0 и OIS, 12MR со ултраширок објектив и 12MP со оптички зум од 5,5 часа. За селфи фотографии, има 8MP камера, која се наоѓа во најлевиот дел од дисплејот кога е во проширена варијатна.
Според веб-страницата на Huawei, повеќе од 3,7 милиони корисници веќе го преднарачале овој телефон, а засега нема информации дали уредот ќе биде достапен за купување надвор од Кина.