SpaceX денеска ја лансираше ракетата Falcon 9 од Флорида, која ја однесе капсулата Dragon во вселената, а тоа е мисијата Polaris Dawn.
Ова е прва од трите планирани мисии изнајмени од милијардерот и основач на компанијата Shift4, Џеред Ајзекмен уште во 2022 година, со цел вселенски прошетки во рамките на програмата Polaris.
Повеќедневното патување нема дестинација како Меѓународната вселенска станица, туку станува збор за мисија на слободен лет чија цел е прва приватна вселенска прошетка во организација на компанијата SpaceX. Досега имаше вселенски прошетки во кои учествуваа владини астронаути, но ова е првата приватна. Вселенската прошетка се очекува да трае околу 2 часа.
Сепак, покрај вселенската прошетка, мисијата Polaris Dawn вклучува изведување на околу 40 научни и истражувачки експерименти. Лансирањето беше одложувано неколку пати во изминатите недели поради неповолни временски услови, но и поради истекување на хелиум.
Ајзекмен е командант на мисијата, а во екипажот се и Скот Потит и првите двајца вработени во SpaceX, Ена Менон и СЕра Гилис.
Ова е втор лет на Ајзекмен во орбитата, бидејќи ја водеше историската мисија Inspiration4 уште во 2021 година.
Polaris Dawn ја претставува 14-тата мисија со екипаж на SpaceX и петтиот приватен човечки лет.