Kомпанијата Vivo во октомври има намера да го претстави својот нов флегшип, моделот X200.
Од Wall Street China наведуваат дека X200 ќе пристигне на кинескиот пазар на почетокот на следниот месец, што значи дека ќе се натпреварува со iPhone 16 на Apple, но и со претстојниот смартфон OnePlus 13, кој исто така пристигнува во исто време.
Според извештајот, Vivo планира да лансира најмалку два флегшип модело, односно X200 и X200 Pro. Поевтината верзија ќе има 6,3-инчен рамен OLED екран со резолуција од 1,5K и брзина на освежување до 120 Hz.
Интересна информација е дека „стандардниот“ X200 ќе има импресивна камера од 50 MP со Sony сензор од 22 nm, перископ камера со 3x оптички зум и ултраширока камера. Ќе се напојува од голема батерија со капацитет од 5.500 mAh, која ќе поддржува жично и безжично полнење.
Помоќниот X200 Pro ќе има заоблен екран со резолуција од 1,5K и брзина на освежување од 120 Hz. Одзади ќе има главна камера од 50 MP со голем отвор на бленда, перископ телефото камера од 200 MP, како и ултраширока камера од 50 MP.
Овој уред ќе користи уште поголема батерија со капацитет од 6.000 mAh.
Двата уреди доаѓаат со IP68 или IP69 сертификат за отпорност, како и подобрен X-asis енџин на X-оската за подобрена хаптички фидбек
X200 и X200 Pro ќе работат на Origin OS корисничкиот интерфејс, базиран на Android 15. Во моментов нема информации за цените и достапноста на претстојните уреди.