Растегливите екрани на компанијата LG се појавија на модна ревија како дел од концептот за облека и чанти, што се одржа модната недела во Сеул.
Екраните беа додадени на предниот дел на облеката, на ракавите и на чантите дизајнирани од јужнокорејските дизајнери Јун-Хи Парк и Чунг-Чунг Ли.
„Успеавме да дизајнираме модни концепти за иднината со нови материјали кои никогаш порано не постоеле“, рече Парк.
Флексибилните дисплеи може да се растегнуваат, свиткуваат и извиткуваат, така што тие одат чекор подалеку од преклопните екрани што се користат кај паметните ѕтелефни. За да ги направи уште пофлексибилни, LG креирашпе супстрат од силикон сличен на оној што се користи за контактни леќи со microLED помали од 40 микрометри, кои служат како извор на светлина. LG истакнува дека екраните можат да се растегнат и до 20 проценти.
Флексибилната технологија за носење е многу истражувана за потребите на модата, а тука се секако и невидливите наметки. Јужна Кореја започна национален проект за тестирање на нивниот комерцијален потенцијал за нови видови технологија за носење во повеќе индустрии. Главниот предизвик беше екраните да се чувствуваат повеќе како ткаенина наместо како пластика, но LG изгледа дека барем делумно го реши проблемот.