Xiaomi ја претстави 13T серијата смартфони во септември минатата година, а сега дознаваме дека во септември ќе пристигне и новата 14T генерација. Компанијата официјално објави дека дебито на новата серија ќе се одржи на 26 септември во Берлин.
Ова значи дека остануваа само две недели до претставувањето на новата генерација, која повторно ќе има камери развиени заедно со Leica. На страницата поврзана со претстојниот настан стои и дека доаѓа ново поглавје на хуманистичката фотографија со Leica (A new chapter of humanistic photography with Leica).
Можеме да ги видиме и силуетите на два уреди кои ќе имаат рамни странични рамки и примарни камери во горниот лев агол на задниот дел. Тоа би требало да бидат Xiaomi 14T и Xiaomi 14T Pro.
Инаку, пред извесно време се појавија наводни детали за телефоните, па дури и можни цени за Европа.