Првите Geekbench резултати за A18 чипот на Apple покажуваат скромно подобрување во перформансите на едно јадро во однос на A17 Pro, но и изненадувачки ниски резултати за повеќе јадра
Со лансирањето на новите iPhone уреди доаѓа нова рунда бенчмарк тестови за процесорите на Apple, а штотуку го добивме првиот поглед на резултатот Geekbench за A18 чипот, кој покажува скромни перформанси.
Резултатот објавен денеска на Geekbench покажува околу 10% подобрување во перформансите на едно јадро во однос на A17 Pro, што е во согласност со очекувањата. Кога го претстави чипот А18, Apple избегнуваше директни споредби А17 чипот.
Интересно, резултатот со повеќе јадра изгледа прилично низок, речиси сличен на оној на чипот A16 Bionic и околу 8% послаб од A17 Pro. Ова е веројатно аномалија, имајќи предвид дека Apple објави дека чипот А18 треба да биде околу 30% побрз од А16 чипот во iPhone 15 моделите. Очигледно нешто не е во ред, но ќе ажурираме кога ќе бидат достапни попрецизни резултатите со повеќе јадра.
Овој резултат на Geekbench доаѓа од модел идентификуван во програмата како iPhone17,3 – што одговара на стандардниот модел на iPhone 16, а не на верзиите Plus, Pro или Pro Max. Ова може да биде најнискиот резултат што ќе го видиме и очекуваме уште подобри резултати со чипот A18 Pro.
Apple во понеделникот ги претстави iPhone 16 и iPhone 16 Pro на својот настан „It’s Glowtime“, каде беа најавени новите A18 и A18 Pro чипови. Овие чипови се засноваат на втората генерација на 3nm процес, сличен на чипот M4 кој дебитираше претходно оваа година во моделот iPad Pro. Телефоните ќе бидат достапни за преднарачка овој петок, а првите корисници ќе ги добијат на 20 септември.