Веб-прелистувачот на Google воведува неколку новитети, корисни за оние кои истовремено имаат отворени многу табови и им е тешко со нив да се снаоѓаат, како и за оние кои активно работат на повеќе уреди
Google најавува неколку нови функционални додатоци за својот интернет прелистувач Chrome, кои треба да им го олеснат животот на напредните корисници кои имаат навика да држат отворени многу табови и да го користат веб-прелистувачот на повеќе уреди истовремено.
Првата најавена функција, која наскоро ќе пристигне на Chrome за iOS и iPadOS, е можноста да се креираат групи на табови, а потоа да се означат тие групи со имиња и бои. Откако отворените јазичиња ќе се групираат, тие може да се управуваат со нивно преуредување и организирање како што му одговара на корисникот. Така ќе биде полесно, велат од тимот на Chrome, да се работи на повеќе локации, да започнете задача на еден уред и да ја завршите на друг.
Во однос на дополнителните „паметни“ функции, Chrome ќе добие уште една експериментална опција. Имено, прелистувачот проактивно ќе му понуди на корисникот да отвора страници кои се веќе отворени на друг уред со иста корисничка сметка. Затоа, ако сакате да ја преместите работата или сурфањето од вашиот мобилен телефон на компјутер, таблет или обратно, се што треба да направите во иднина е да оставите отворена картичка на првиот уред, а потоа да го отворите Chrome на вториот. Браузерот ќе го препознае ова и веднаш ќе ви понуди да продолжите да работите во табот што сте го оставиле активен на друго место.
Сите опишани можности се благодарение на моделите со вештачка интелигенција на Google, а тие „наскоро“ би можеле да се имплементираат во прелистувачите, велат од компанијата, без да откриваат точен датум или верзија со која новите функции ќе заживеат во пракса.