Најпрвин на социјалните мрежи се проширија рендери базирани на CAD кои го откриваат изгледот на Galaxy S25 Ultra, а сега им се приклучија и рендери на Galaxy S25.
Во последните неколку дена се појавија рендери од претстојните смартфони од Galaxy S25 серијата на Samsung. Најпрвин на социјалните мрежи се проширија рендери базирани на CAD кои го откриваат изгледот на Galaxy S25 Ultra, а сега им се приклучија и рендери на Galaxy S25.
Galaxy S25 треба да биде малку помал од неговиот претходник со димензии од 146,9 x 70,4 x 7,2 во споредба со димензиите на неговиот претходник од 147 x 70,6 x 7,6 мм.
Овој модел по дизајн ќе биде прилично сличен со моделот S24, но ќе има помали рамки и прстени на камерата на задната страна. Рамните страни ќе бидат задржани, барем додека Apple не одлучи да воведе нов стил на рамка, по што секој производител на паметни телефони со Android ќе го следи примерот.
Galaxy S25 ќе се напојува со процесор Exynos 2500 или Snapdragon 8 Gen 4, а во медиумите кружат контрадикторни извештаи. Исто така, познато е дека процесорот ќе биде поврзан со 12 GB RAM, но опциите за внатрешна меморија започнуваат со 128 GB како и досега. Капацитетот на батеријата исто така останува непроменет и ќе биде 4.000 mA⋅h.
За разлика од стандардниот Galaxy S25 модел, Samsung Galaxy S25 Ultra ветува потенки рабови на екранот, помала тежина и поголем екран, додека ја задржува батеријата од 5.000 mAh и вграденото S-Pen пенкало, без да бидат загрозени главните компоненти
Официјалниот настан за претставувањет на новата Galaxy S25 генерација смартфони на Samsung можно да се случи на 13 јануари.