Многу корисници имаат проблем со преголемиот број известувања кои ги добиваат од различни веб-страници, а компанијата Google сега понуди ефикасно решение.
Google подготви решение за својот веб-прелистувач Chrome што претставува „инстант одјава“ (instant unsubscribe) во самата нотификација. Оваа опција првично пристигнува на Pixel паметни телефони, но наскоро ќе биде достапна на повеќе уреди кои го користат оперативниот систем Android и ќе ја понуди опцијата Unsubscribe во рамките на известувањето. Само еден допир ќе биде доволен за да престанете да добивате известувања од одредена веб-локација.
Меѓутоа, за да може корисникот да се ослободи од нотификациите, ќе мора да ги исклучува една по една, а доколку случајно исклучи една од нив, постои опција Undo.
Chrome добива и подобрен Safety Check, безбедносна проверка што автоматски ќе работи во позадина и ќе ги повлекува дозволите за известувања од веб-локациите кои Google Safe Browsing ќе ги означи дека со измама ги навеле корисниците да дадат дозвола.
Новиот Safety Check ќе ги информира корисниците за активностите што ги преземаat, како што се повлекување дозволи на страниците што повеќе не ги посетуваат, означување на несакани известувања и друго. Исто така, ќе ги потсети корисниците на важни работи како безбедносни прашања што треба да се решат.
И конечно, можно е да се даде дозвола како пристап до камерата и микрофонот само еднаш, а кога корисникот ќе напушти одредена веб-локација, дозволата ќе биде одземена и страницата повеќе нема да има пристап додека корисникот повторно не дозволи.