Skoda го произведе најдолгиот трамвај во светот, кој ќе сообраќа низ германскиот град Манхајм во сојузната покраина Баден-Виртемберг.
Трамвајскиот модел ForCity Smart 38T е долг 60 метри и има 6 делови, или вагони. Неговиот капацитет е 368 патници, од кои 144 седишта, што е импресивен капацитет. Максималната брзина на овој трамвај со најсовремена опрема е 80 километри на час. Беше тестиран во Плзењ, Чешка.
Манхајм нарачал 12 трамваи од споменатиот модел на Skoda. Договорот за испорака е потпишан во 2018 година, а се работи за зделка вредна 250 милиони евра. Тогаш било договорено трамваите да бидат со различна должина. Подоцна, германскиот град нарачал уште 34 трамваи од чешкиот производител.
Skoda ForCity Smart 38T е трамвај кој работи во неколку други европски градови.