Оперативниот систем iOS 18 на Apple е достапен за корисниците на iPhone ширум светот, а позната е и листата на модели кои можат да ја преземат оваа надградба на софтверот.
Најстарите модели на iPhone на листата на поддржани модели се iPhone XR, XS и XS Max, кои на пазарот пристигнаа пред шест години, односно во септември 2018 година. Сите оние со iPhone објавен во 2018 година и подоцна ќе забележат нова голема надградба во поставките. Како и обично, ќе биде потребно извесно време за да се појави ажурирањето поради милионите уреди ширум светот кои чекаат на ред за да го добијат.
Новиот оперативниот систем за iPhone, iOS 18 донесува е нешто што многумина го чекаа – можност за преместување на иконите на почетниот екран, така што тие повеќе не мора да се подредуваат од врвот до дното. Покрај тоа, сите икони ќе можат лесно да се прилагодат на темниот режим на работа или сите ќе бидат во ист тон, според желбата на корисникот.
Контролниот центар исто така доживеа промени, односно нуди повеќе опции и контроли на едно место и со влечење на прстот надолу се отвораат неколку „прозорци“ на контролната табла еден по друг. Контролната табла е сега приспособлива и со нови опции за поставување икони. Интересно е што контролите на камерата и ламбата на почетниот екран исто така ќе можат да се приспособат во iOS 18, односно да им се даваат други функции.
Во однос на приватноста, новиот iOS ќе може да го „заклучи“ пристапот до било која индивидуална апликација со биометриска потврда на идентитетот, но и да ги скрие избраните апликации, оние што не сакате другите (кои можеби имаат пристап до вашиот уред) да ги гледаат.
Подобрувања ќе добие и апликацијата за пораки, Messages која донесува нови реакции на пораките, тајминг на пораки, декорација на текст со ефекти и различни стилови, а во иднина пораките ќе може да се испраќаат и преку сателитите (на iPhone 14 и поновите модели). Апликацијата Mail ќе ја добие функцијата за паметно сортирање и категоризација на електронската пошта, апликацијата Maps ќе добиe топографски ознаки, додека Wallet ќе овозможи пренос на пари од уред на уред со нивно поставување во близина еден до друг.
Апликацијата Photos на iPhone го донесува „најголемиот редизајн досега“, односно поедноставен интерфејс, нови опции за автоматско организирање албуми, а корисникот ќе може самостојно да ги преуреди сите такви сложени албуми како што му одговара.
За да ја проверите достапноста на iOS 18, потребно е да ги следите чекорите Поставки – Општо – Ажурирање на софтвер.
Листата на поддржани модели изгледа вака:
Оние кои се грижат само за безбедносните ажурирања, не треба да го преземаат iOS 18, бидејќи Apple ќе ја продолжи поддршката за iOS 17.7, кој исто така е достапен сега.
Треба да се напомене дека Apple Intelligence не е дел од iOS 18, но се очекува во октомври со пристигнувањето на iOS 18.1. Сепак, ова важи за САД, додека корисниците во Европската унија и Кина ќе мора да чекаат значително подолго за функциите на вештачката интелигенција.