Изворите тврдат дека Intel изгубил доста вреден бизнис бидејќи овој договор можел да му донесе околу 30 милијарди долари приход
Intel наводно го изгубил договорот со Sony за процесорите што ќе ја напојуваат следната генерација на PlayStation 6 гејминг конзолата на нејзиниот најголем конкурент на полето на x86, Advanced Micro Devices, во 2022 година, пропуштајќи го потенцијалниот приход од околу 30 милијарди долари.
Според извештаите на Ројтерс, изворите тврдат дека договорот пропаднал откако Intel и Sony не успеале да се договорат за „колку од секој продаден чип ќе добие Intel“.
Изворите посочуваат дека внатрешните проекции на Intel предвидуваат дека конзолата на Sony би можела да и донесе приход на компанијата од околу 30 милијарди долари доколку договорот бил потпишан.
Ројтерс наведе и дека договорот може финансиски да го зајакне производниот сегмент на Intel, кој беше официјално лансиран претходно оваа година.
Како одговор на овие тврдења, портпаролот на Intel изјави: „Силно ги негираме овие гласини, но нема да коментираме за тековните или потенцијалните дискусии со клиентите. Имаме многу здрава база на клиенти, како во сегментот на производи, така и во производниот бизнис, и целосно сме фокусирани на иновации за да ги задоволиме нивните потреби“.
AMD има дизајнерски договор со Sony од 2014 година и има изработено специјалнои прилагодени APU процесори за PlayStation 4 и PlayStation 5.