WhatsApp од март работи на нова функција поврзана со статуси, која им овозможува на корисниците на уредите со Android да ги означат контактите во нивните статуси.
WABetaInfo пишува дека функцијата е дел од WhatsApp бета верзијата 2.24.20.3, аза да означи еден од вашите контакти, корисникот треба да го допре копчето „@“ во близина на лентата за опис кога споделува фотографија или видео преку статус.

Означениот контакт ќе добие известување и ќе може дополнително да го сподели статусот со своите контакти користејќи го копчето „reshare“ кое се наоѓа веднаш до полето за одговор.
Сепак, за разлика од Instagram, идентитетот на оригиналниот креатор останува скриен откако статусот дополнително ќе биде споделен од означениот контакт. Исто така, означениот контакт нема да биде видлив за контактите на лицето кое првобитно ќе го објавил статусот.

Изворот наведува дека означениот контакт во статус ќе може да ја види неговата содржина дури и ако е исклучен од листата на оние кои можат да видат други статуси.