Информациите од Јужна Кореја покажуваат дека компанијата развива смартфон со преклопен екран, кој во растегната состојба ќе има дијагонала од 12,4 инчи.
Huawei го престигна Samsung со лансирањето на паметен телефон со двоен преклопен екран наречен Mate XT. Ова е првиот модел од ваков вид што некогаш бил пуштен во продажба.
Сепак, Samsung може да биде првиот со уште едно иновативно решение. Податоците од Јужна Кореја покажуваат дека компанијата развива смартфон со преклопен екран, кој во расклопена состојба ќе има дијагонала од 12,4 инчи.
На тој начин, ќе се постигне површина поголема од сите постоечки смартфони на преклоп, дури и во однос на Mate XT, кој има екран од 10,2 инчи. Уредот ќе нуди и вградена селфи камера под панелот. Идниот уред би можел да се појави на пазарот во втората половина на 2025 година.
Инаку, слични концепти веќе демонстрираа LG, TECNO и OPPO. Сепак, тие беа претставени чисто за демонстративни цели и не стигнаа до пазарот. Останува да видиме дали Samsung сепак ќе може да реализира смартфон со екран што може да се растегнува и во наведената временска рамка.
Huawei го претстави Mate XT Ultimate Design смартфонот со троен преклоп (ВИДЕО)