Денеска, на глобален настан за лансирање производи во Барселона, Huawei претстави неколку долгоочекувани уреди со Fashion Edge пристап, вклучувајќи ја Huawei Watch GT 5 серијата, Huawei Watch D2 и Huawei Watch Ultimate Green.
Покрај новите паметни часовници, на настанот беа претставени и популарните таблет уреди Huawei MatePad Pro 12,2 и Huawei MatePad 12 X, кои заедно донесуваат нова генерација искуства за носење и напредни технологии за зголемена продуктивност и беспрекорно поврзување со најновите таблет уреди.
Huawei Watch GT 5 серија: Fashion Edge предводник
Huawei Watch GT 5 е еден од првите паметни часовници на Huawei што го воведува Huawei TruSense системот, интегрирана функција за следење на здравјето и кондицијата што доаѓа со надграден сензор и подобрени алгоритми – што резултира со побрзи, попрецизни и посеопфатни резултати.
Со карактеристичен остар дизајн, во Pro или Standard верзии, Huawei Watch GT 5 серијата е дизајнирана да ги предводи модните трендови во светот на паметните часовници. Pro верзијата е изработена од висококвалитетна легура на титаниум и нанокристална керамика, со што се постигнува поголема издржливост.
Новиот паметен часовник носи и професионално ниво на спортски функции. За голферите и нуркачите, Huawei Watch GT 5 Pro има Golf Course режим со повеќе од 15.000 глобални мапи на терени за голф. Тука е и режимот за слободно нуркање, кој нуди посеопфатно следење на спортските активности. Huawei Watch GT 5 Pro нуди и професионални карактеристики за Trail трчање, вклучувајќи ja функцијаta за навигација, како и мапа со релјеф на теренот до 10 метри.
Часовникот нуди исклучително траење на батеријата, до 14 дена користење на Huawei Watch GT 5 46mm и GT 5 Pro 46mm, и до 7 дена на Huawei Watch GT 5 41mm и GT 5 Pro 42mm.
Huawei Watch D2: Прв часовник на светот што мери крвен притисок
Претставувањето на Huawei Watch D2 донесе револуционерна иновација, како прв немедицински носечки уред за во светот со амбулантно мерење крвен притисок (ABPM) сертифициран од NMPA и MDR. Ова претставува значаен чекор напред во технологијата за носење, отелотворувајќи ја посветеноста на Huawei кон Health Forward филозофијата.
Часовникот обезбедува 24-часовно прецизно мерење на крвниот притисок и го има системот Huawei TruSense за побрзи и попрецизни резултати.
Што се однесува до технологијата за крвен притисок, Huawei ја иновираше повеќе од девет години, воспоставувајќи долгорочна соработка со глобалните експерти за хипертензија, вклучувајќи го професорот Грегори Стергиу, иден претседател на Меѓународното здружение за хипертензија и професорот Ванг Џигуанг, претседател на кинеската лига за хипертензија и многу други.
Huawei Watch D2 има лесен и тенок дизајн, со ултра-тесна механичка воздушна комора и голем екран од 1,82 инчи. Овој часовник е само една петина од ширината и 1/25 од волуменот на традиционалните електронски монитори за крвен притисок на надлактицата, што го прави погоден за мерење крвен притисок насекаде.
Исто така, со еден допир, корисниците можат да измерат до 9 телесни индикатори и да генерираат здравствен извештај.
Huawei Watch Ultimate Green Edition
Унапредената верзија на минатогодишниот модел Huawei Watch Ultimate воведува нови напредни функции за голф и подобрен режим на експедиција, заедно со нова зелена боја која комбинира револуционерни технологии и врвна изработка, отелотворувајќи го Adventure Forward духот за авантуристите во срцето.
Новата Green Edition верзија доноси ексклузивна двобојна керамичка нано-технолошка рамка, која бара покомплексен производствен процес за да се постигне естетската хармонија на двете бои.
Новата напредна функција Golf Course Mode нуди прецизна анализа и увид за ентузијастите, вклучувајќи дистанца на која се игра, должина на удар, AI Caddy и многу повеќе. Исто така, новата функција Expedition Route Import се интегрира со апликацијата Huawei Health, овозможувајќи им на корисниците да увезуваат рути.
Покрај тоа, уредите за носење на Huawei се дизајнирани секогаш да бидат компатибилни со паметните уреди со Android и iOS, така што најновите иновации во здравствената технологија и функциите за следење спорт се достапни за уште поширок опсег на корисници.