Новиот дизајн на Snapchat нема веднаш да им биде достапен на сите корисници, туку ќе биде воведен постепено.
Snap најави голем редизајн на својата популарна апликација, која ја користат околу 850 милиони луѓе. Покрај промената на интерфејсот на главниот екран, Snapchat додаде и нови опции за вештачка интелигенција, вклучувајќи специјални леќи кои ви покажуваат како ќе изгледате кога ќе бидете постари, а не е тешко да се види дека ова ќе биде една од омилените опции за многумина.
Најголемата промена, сепак, се однесува на главниот екран, кој е поедноставен. Наместо пет табови како досега, редизајнираната апликација има само 3. Во центарот е камерата, лево е табулаторот за пристап до четот, а десно табот „За тебе“. Овој последен таб потсетува на Tik Tok, а овде можете да најдете „Stories и Spotlight видеа на едно место, кои се контролирани со класичното лизгање надолу, а исто така вклучуваат содржини од медиуми како „Вол стрит журнал“, Daily Mail и други. Накратко, сега има место за креирање и објавување сопствена содржина, место за комуникација со пријателите и таб каде што можете да откриете содржини кои би можеле да ви бидат интересни и корисни.
Со оглед на тоа дека компанијата најголем дел од парите ги заработува од реклами, велат дека редизајнираната апликација ќе им ја пуштаат на корисниците полека и постепено за да можат да ги разберат сите промени поврзани со динамиката на содржината.
„Мислам дека ќе стане уште полесно со овој распоред на апликацијата, каде што има и приказни за вашите пријатели или креатори што ги следите во живо на страницата за разговор и потоа можете да откриете нови креатори или нова содржина на цел екран на третиот таб“, објаснува Еван Шпигел, коосновач на Snapchat.
Покрај споменатата опција за вештачка интелигенција која на корисниците ќе им покаже како ќе изгледаат откако ќе остарат, Snapchat ќе добие и некои други опции за вештачка интелигенција, како преживување посебни моменти од минатото во опцијата Memories.
Новиот, поедноставен дизајн на Snapchat нема да биде веднаш достапен за сите корисници во светот, туку постепено ќе се пласира.