Xiaomi го претстави смартфонот Mix Flip во јули, а набрзо потоа беше потврдено дека овој уред ќе се продава во Европа. Сега се знае и кога ќе пристигне на Стариот континент и колку ќе чини.
Директорот на Xiaomi, Леи Јун на социјалната мрежа X објави дека Mix Flip ќе биде достапен на глобалниот пазар од септември, иако не прецизираше точен датум, но не останува уште многу до крајот на месецот, па ќе дефинитивно ќе пристигне наскоро.
Резултатите од истражувањето покажаа дека потенцијалните клиенти се многу возбудени што Mix Flip ќе биде достапен во нивниот регион.
Цената не е официјално објавена, но се очекува да изнесува 1.300 евра. Оваа информација се базира на изјавите на регионалниот менаџер на Xiaomi во јули, но можно е да има и некои промени.
Од друга страна, Xiaomi Mix Fold 4 најверојатно нема да биде достапен надвор од Кина.