Новата апликација на Microsoft Windows овозможува стриминг на Windows од различни извори на macOS, iOS, iPadOS, Android и Windows уредите, со поддршка за прилагодлив почетен екран, повеќе монитори и USB пренасочување за локални уреди
Microsoft лансираше апликација за Windows, macOS, iOS, iPadOS, веб-прелистувачи, уреди со Android, па дури и компјутерите со Windows. Оваа апликација за Windows во суштина е клиент за стримување на копија на Windows од различни извори, вклучувајќи ги Windows 365, Azure Virtual Desktop, Remote Desktop и многу повеќе.
Новата обединета апликација се тестира речиси една година и вклучува прилаодлив почетен екран, поддршка за повеќе монитори и пренасочување на USB, за да можете да користите локални уреди како веб-камери, уреди за складирање и печатачи како да се директно прикачени на cloud PC.
Windows апликацијата е ограничена на деловните и училишни сметки на Microsoft, бидејќи првенствено е дизајнирана за постоечките корисници на Remote Desktop клиентите за Windows и другите оперативни системи кои сакаат да се преминат на неа.
Microsoft веќе со дцении има слични апликации за далечинско поврзување со компјутерите на Windows, вклучително и апликацијата Remote Desktop Connection која сè уште се испорачува како дел од Windows 11. Овие апликации, вклучувајќи ја и новата апликација за Windows, се корисни за поврзување со десктоп компјутери од личен лаптоп или PC.
Сепак, нема индикации дека Microsoft планира да поддржува кориснички сметки со својата нова апликација за Windows. Минатата година беше откриено дека Microsoft има долгорочна цел целосно да го премести Windows на cloud за да „овозможи подобрени услуги со вештачка интелигенција и целосно дигитално корисничко искуство во роаминг“.
Корисниците на Windows можат да ја преземат апликацијата за Windows од продавницата на Microsoft. Достапнa е и во продавницата за апликации на Apple за macOS, iOS и iPadOS. Верзијата на Android веќе влезе во јавна preview фаза.