Легендарниот дизајнер на Apple, Џони Ајв потврди дека неговата компанија LoveFrom соработува со Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман на развој на таинствен уред со вештачка интелигенција, со поддршка од поранешни дизајнери на Apple.
Минатата година се појавија гласини за соработка помеѓу поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв и извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, но двајцата засега молчеа за тоа. Сепак, во профилот објавен овој викенд од „Њујорк тајмс“, Ајв потврди дека неговата компанија LoveFrom го предводи дизајнот на производ со вештачка интелигенција, што се развива во соработка со компанијата на Алтман. Тимот ги вклучува и Танг Тан и Еванс Хенки, кои исто така имаа големи дизајнерски улоги во Apple.
Засега, постои тим од околу 10 вработени вклучени во проектот, со седиште во деловна зграда во Сан Франциско, која е една од неколкуте имоти што Ајв ги купил во рамките на еден градски блок, стои во извештајот на Тајмс.
Сè уште не се знае многу за уредот на кој работат. Извештајот ги опишува Тан и Ханки како туркаат столчиња меѓу објектите на LoveFrom кои се „покриени во хартии и картонски кутии со најраните идеи за уред кој користи вештачка интелигенција, за да создаде компјутерско искуство што е помалку општествено дисруптивно од iPhone“.
Откако Ајв го напушти Apple во 2019 година за да го основа LoveFrom, дизајнерската компанија работи на типографија, но не видовме многу во однос на хардверот – само еден грамофон од 60.000 долари. Иако се чини дека AI производот на хоризонтот, моментно нема временска рамка кога ќе се појави, пренесува Engadget.