Huawei кон крајот на минатата недела ги испорача првите примероци на Mate XT Ultimate смартфонот во форма на тројно преклопување, а сега пристигна и една важна информација. Овој смартфон сепак ќе се продава надвор од Кина, односно на светскиот пазар.
Корисниците на Mate XT Ultimate може да го очекуваат во првиот квартал од 2025 година.
Почетната цена во Кина изнесува 2.550 евра, што значи дека веќе е еден од најскапите гаџети што можете да ги купите, но кога ќе се земат предвид ценовните флуктуации меѓу Кина и остатокот од светот, цената би можела да „порасне“ до повеќе од 3.000 евра на меѓународниот пазар .
Дали навистина импресивната технологија ја оправдува високата цена, проценете сами.

