Sony Interactive Entertainment ќе ја одбележи својата 30-годишнина од PlayStation конзолите со посебен ретро дизајн во оригиналните бои на првата верзија на оваа конзола.
Ограниченll издание на конзолата PlayStation 5, придружните уреди и рачната конзола PlayStation Portal, во оригиналните бои на првата верзија на оваа конзола, ќе ја одбележат 30-годишнината од PlayStation.
Првата PlayStation конзола беше претставена во јавноста на 3 декември 1994 година и на овој начин познатата сива боја на конзолата ќе го краси хардверот на конзолата PS5.
Така, конзолите ќе доаѓаат со оригиналното лого, сива боја и ознаката „30th Anniversary“. Во исти бои е планирано и претставувањето на џојстикот, кутијата и безжичниот полнач. Исто така, PlayStation Portal ќе биде претставен во оригинални бои на PlayStation.
Преднарачката за конзоли започнува на 10 октомври, додека за џојстиците започнува на 26 септември.
Оваа колекција ќе биде пуштена во продажба на 21 ноември и само во 12.300 примероци.
Сите уреди ќе се продаваат посебно и ќе доаѓаат во посебно пакување.