Xiaomi ќе ја претстави Redmi Note 14 Pro серијата на 26 септември на посебен настан во Кина, а веќе се откриени спецификациите на истоимениот модел.
Redmi Note 14 Pro доаѓа со Snapdragon 7s Gen 3 процесор, 8, 12 или 16 GB LPDDR5 RAM, 128, 256 или 512 GB внатрешна UFS 3.1 меморија, 6,67-инчен AMOLED екран со резолуција од 1,271 x 2220 пиксели, стапка на освежување од 120 Hz и максимална осветленост од 2.500 нита. Уредот го напојува батерија со капацитет од 5.500 mAh, која поддржува брзо жично полнење од 67 W.
Смартфонот има главна камера од 50 MP, а до него има камера од 12 MP (најверојатно ултраширока) и камера од 2 MP (веројатно макро или сензор за длабочина). Однапред има селфи камера од 16 MP. Смартфонот е отпорен на вода и прашина според стандардот IP68, а тежи 190 грама.
Приложените фотографии се официјални и ги сподели Xiaomi пред лансирањето на уредот. Дизајнот на задната страна е значително поинаков во споредба со серијата Redmi Note 13.
Презентацијата закажана за 26 септември ќе значи лансирање на оваа серија во Кина, но Redmi Note 14 семејството ќе има и меѓународно деби неколку месеци подоцна.
Да напоменеме и дека вториот уред од серијата ќе се вика Redmi Note 14 Pro+.