Galaxy Z Flip серијата доживеа најголема промена минатата година, кога беше претставен Galaxy Z Flip 5, но во овој текст донесуваме споредба помеѓу Galaxy Z Flip 4 и неодамна објавениот Galaxy Z Flip 6 модел.
Најпрвин, она што е најупадливо, разликата помеѓу надворешните екрани на двата уреди. Новиот модел има значително поголем екстерен екран, кој зазема поголем дел од предната страна на телефонот. Покрај тоа, новиот Flip повеќе го нема „отворот“ кога ќе се преклопи екранот, и тоа поради редизајнот на шарката која овозможува свиткување на екранот.
Димензиите не се променети ниту кога телефонот е затворен, ниту кога е отворен. Тие се идентични кај двата уреда, но сепак Samsung успеа да отстрани 2 милиметри дебелина, па ова е најтенкиот Galaxy Z Flip досега. Тоа не изгледа многу, но сепак се чувствува разлика во рака. Таа е забележлива и поради самите рабови на телефонот, кои сега се нешто помалку заоблени, па впечатокот сепак е поинаков.
Исто така, новата верзија на Flip носи малку поинакви решенија за предните камери, кои се наоѓаат во долниот десен агол, па „прстените“ околу леќите се малку поизразени и доаѓаат во соодветна боја за да одговараат на остатокот од телефонот.
Уште едно подобрување, кое е незанемарливо, е поврзано со сертификатот за отпорност на вода и прашина. Z Flip 4 поседуваше IPX8 сертификат, каде 8 означува одлична водоотпорност, а X дека телефонот не е тестиран за отпорност на прашина и слични честички. Кај Galaxy Z Flip 6 тоа е променето, па овој телефон има IPX4 сертификат. Преведено во пракса, овој преклопен смартфон има одлична отпорност на механички оштетувања, на скала од 0 до 6 доби 4, што значи дека на телефонот нема да влијаат честички со големина од 1 милиметар.
Дисплеј
Кога станува збор за дисплејот, Flip 6 може да се каже дека доби значително подобрување, отколку што се работи за радикална промена. Внатрешниот екран на Galaxy Z Flip 6 остана ист во поглед на димензиите и има 6,7-инчен Full HD+ дисплеј. Сепак, неговата максимална осветленост е зголемена на 2.600 нита во споредба со 1.200 нита кај Flip 4. Ова значи појасна видливост, попријатно и попрецизно користење, посебно кога сте надвор на директна сончева светлина или кое било друго силно осветлување. Дисплејот на Flip 6 е еден од најдобрите екрани кај флексибилните телефони на пазарот.
Надворешниот дисплеј е секако многу поинтересен. Од 1,7 инчи кај Z Flip 4, екранот порасна на дури 3,4 инчи во Z Flip 6, па сите нотификации и виџети што може да се постават се многу појасни и повидливи.
Перформанси
Со понов и значително помоќен чипсет под хаубата, може да се очекува Galaxy Z Flip 6 да биде далеку посупериорен од Flip 4. Новиот модел е опремен со Snapdragon 8 Gen 3 чип, кој е многу помоќен во споредба со Snapdragon 8+ Gen 1 на Flip 4. Покрај подобрите перформанси во извршувањето на задачите, Snapdragon 8 Gen 3 е способен да работи и со апликации за вештачка интелигенција на уредот, вклучувајќи ги и сопствените програми на Samsung, кои се дел од One UI интерфејсот. Секако, тоа е и за очекување со оглед на тоа што има разлика од две години помеѓу двата телефони, и двата чипа во нив. Дополнително, Galaxy Z Flip 6 е првиот смартфон во серијата што доаѓа со 12 GB RAM, што сега е стандардно во сите опции за складирање.
Во однос на просторот за складирање, Galaxy Z Flip 6 започнува со основна варијанта од 256 GB, во споредба со 128 GB на Flip 4.
Батерија
Со секоја нова верзија, Samsung го зголемува капацитетот на батеријата, а Galaxy Z Flip 6 добива уште едно унапредување. Сега има батерија од 4.000 mAh, што е речиси осум проценти повеќе во споредба со батеријата со капацитет од 3.700 mAh кај Flip 4. Samsung не воведе никакви функции со вештачка интелигенција што би можеле да ги подобрат перформансите на батеријата, но чипсетот е енергетски поефикасен, што резултира со малку подобра автономија.
Еден аспект каде што Galaxy Z Flip 6 не е многу променет во однос на Flip 4 е брзината на полнење. Flip 6 поддржува жичено полнење од 25 W и може да се полни безжично со максимална брзина од 15 W со помош на Samsung (или сертифициран) полнач. Дополнително, можете да ги полните останатите уреди, како што се безжични слушалки со помош на функцијата за реверзибилно безжично полнење, при што Galaxy Z Flip 6 поддржува максимална излезна моќност од 4,5 W. Исто така, може да ги полни телефоните и со безжично полнење, иако побавно.
Камера
Камерата е значително подобрена од оваа година. Galaxy Z Flip 6 доби нова примарна камера од 50 MP, која е иста како и кај Galaxy S24 и S24 Plus. Примарната камера дава добри резултати и е оптимизирана за природна репродукција на боите. Во одредени сценарија, посебно со подвижни предмети или при слаба осветленост, камерата може да даде незадоволителни резултати.
Иако камерите на Galaxy Z Flip 6 сè уште не ги исполнуваат очекувањата во споредба со другите смартфони кои се продаваат за повеќе од 1.000 долари, се работи за значително подобрување во однос на Galaxy Z Flip 4, па дури и во споредба со минатогодишниот Flip 5. Покрај примарната камера од 50 MP, тука е и новиот сензор од 12 MP под ултрашироката леќа, но не сме сигурни кои промени ги донесува. Селфи камерата под екранот на Flip 6 има малку поширок отвор, што резултира со малку подобри фотографии. Се разбира, може да се користат и надворешни камери за селфи со користење на надворешниот екран како визир.
Покрај подобрените сензори, обработката на сликата преку процесорот за слика (ISP) на Snapdragon 8 Gen 3 резултираше со подобри фотографии во целина.
Софтвер
Samsung покрена вистинска лавина од AI новитети, кога од Galaxy S24 серијата воведе бројни нови опции, кои полека се проширија на сите нивни уреди. Сега со Galaxy Z Flip 6, пристигнаа уште нови Galaxy AI функции, вклучувајќи ги Circle to Search (заокружете го она што го гледате на сликата, вештачката интелигенција ќе ви наведе сè што постои на интернет за тоа), превод во живо, ProVisual Engine за сликање, претворање на фотографиите во илустрации итн.
Ова е и главната разлика помеѓу телефоните во овој сегмент. И двата работат на One UI 6.1 интерфејсот базиран на Android 14, при што Galaxy Z Flip 4 има пет години софтверски ажурирања (тоа е до август 2027 година), додека Galaxy Z Flip 6 гарантира седум години надградби, односно дури до 2031 година, доколку некој го користи истиот телефон седум години.
SAMSUNG GALAXY Z FLIP 6
Екрани |
|
---|---|
Чип |
|
RAM / Простор за складирање |
|
Задни камери |
|
Предна камера |
|
Полнење |
|
Батерија |
|
Оперативен систем |
|
Димензии и тежина |
|
Оценка |
|
Препорачана цена |
|
SAMSUNG GALAXY Z FLIP 4
Екрани | Надворешен: 1.9″, 260 x 512 пиксели, AMOLED, 120hzВнатрешен: 6.7″, Dynamic Amoled X2, 120Hz, FHD+, 1200Nit |
---|---|
Чип | Qualcomm Snapdragon 8+Gen1, Octa-core (1×3.19 GHz Cortex-X2 & 3×2.75 GHz Cortex-A710 & 4×1.80 GHz Cortex-A510) |
RAM / Простор за складирање | 8GB RAM, 128/256GB ROM |
Задни камери | Главна: 12 MP, f/1.8, 24mm (wide), 1/1.76″, 1.8µm, Dual Pixel PDAF, OISУлтраширока: 12 MP, f/2.2, 123˚ (ultrawide), 1.12µm |
Предна камера | 10 MP, f/2.4, 26mm (wide), 1.22µm |
Материјали | Gorilla Glass Victus+ (задна страна), Алуминиум (рамка), Ултратенко стакло+пластика (внатрешен екран) |
Батерија | 3700mAh (25W брзо полнење, безжично полнење, реверзибилно безжично полнење) |
Влез за слушалки | Не |
Вид на USB конектор | USB-C |
Димензии и тежина | Склопен: 165.2 x 71.9 x 6.9 мм Расклопен: 84.9 x 71.9 x 15.9-17.1 мм187 гр. |
Оперативен систем | Android 12, One UI 4.1.1 |
Оценка |
5/5 |
Samsung Galaxy Z Flip4 – Чекор поблиску до совршениот преклопен смартфон