Технолошкиот стартап на Карл Пеи, Nothing се прошири доста брзо, претставувајќи досега голем број производи. Оваа недела, компанијата додаде уште еден интересен уред во своето портфолио.
Станува збор за целосно безжични слушалки наречени Ear (open). Името доаѓа од видот на слушалките, а се работи за отворен систем на репродукцијс на звукот, односно „open wearable stereo“.
Ова е првиот модел на Nothing од ваков вид, кој постигнува чувство на свесност за ситуацијата, наместо да го задушува амбиенталниот шум како активното поништување на шум.
Моделот обезбедува гласовен пристап до барањата на ChatGPT користејќи ја апликацијата Nothing X, но само со поврзан паметен телефон Nothing. Како и другите слушалки од отворен тип, новиот модел е дизајниран со цел корисникот да треба да слушне што се случува околу него. Тоа може да биде возење велосипед или прошетка низ улиците на градот.
Неизбежно е одредено протекување на звук, но овде отворениот дизајн е дизајниран со систем за звучно запечатување и насочени звучници за то да се минимизира. Во исто време, има звучници обложени со титаниум од 14,2 mm.
Слушалките во голема мера го пренесуваат дизајнерскиот јазик на производите на компанијата, а нивното главно куќиште има проѕирен слој. Има и врвови од типот на кука што овозможуваат зафаќање на ушната школка.
Другите параметри вклучуваат тежина од 8,1 g, технологија Bluetooth 5.3, по два микрофони, технологија Clear Voice 3.0 и IP54 сертификат. Издржливоста со едно полнење е до 8 часа или до 30 часа со вградената батерија во куќиштето.
Самата футрола има елипсовидна форма и проѕирна обвивка, а се полни преку USB Type-C приклучок.
Преднарачките за моделот се веќе започнати, а испораките ќе започнат од 1 октомври. Цената на слушалките изнесува 149 евра.