Многумина од нас секогаш ги проверуваат рецензиите на Google Maps пред да одат на некоја локација, но лесно е да се посомневаме ако тие се премногу добри. Затоа, Google воведува предупредувања кои ќе им овозможат на корисниците полесно да откриваат лажни рецензии.
Google почна да издава предупредувања за одредени локации со порака дека „лажните рецензии се отстранети“.
Google неодамна се најде на удар на Управата за конкуренција и пазари на Обединетото Кралство (CMA), која отвори истрага за неговото постапување со лажните рецензии во 2021 година. Еден корисник на Х забележал промена во ракувањето со рецензиите н Maps на компанија од Обединетото Кралство. Google допрва треба официјално да ја потврди новата функција и нејзината достапност, но најверојатно ќе биде достапна ширум светот.
Google наведува и можни ограничувања за локации и бизниси кои ја прекршуваат политиката за лажно ангажирање. Покрај известувањето за отстранување на лажни рецензии од страницата, привремените ограничувања вклучуваат неможност за добивање нови оценки и рецензии, како и необјавување на постоечките.
И додека лажните рецензии можат да дојдат од самите компании во обид да го зголемат својот рејтинг, тие исто така можат да бидат оставени од луѓе кои не им посакуваат добро на компаниите. Сè уште не е познато што ќе се случи доколку компаниите пријават лажни рецензии.