Apple подготвува 2 во 1 уред, кој ги комбинира iPad и HomePod, со нов homeOS систем и AI функции за паметниот дом
Apple одлучи да влезе на пазарот на паметни домашни уреди. На големо се шпекулира дека компанијата развива нов уред кој ги комбинира iPad и HomePod и ќе го користи новиот систем homeOS кој моментно е во развој, се со цел да се воведе вештачката интелигенција на Apple во секојдневниот живот.
Bloomberg известува дека Apple развива два паметни десктоп дисплеи. Едниот е производ од високата класа со кодно име J595, кој комбинира iPad со роботска рака, дозволувајќи му на екранот секогаш да биде свртен кон корисникот. Друг е влезниот модел J490, како HomePod со iPad екран или сличен на Google Nest Hub. Уредот поддржува FaceTime видео повици и контролира паметни домашни уреди, а се очекува да биде лансиран веќе следната година со цена од околу 1.000 американски долари.
Понатаму се наведува дека Apple сака со употреба на овие два уреди да го воведе Apple Intelligence на домашните уреди, комбинирајќи календари, белешки и контрола на паметните уреди. За таа цел, Apple развива и нов homeOS систем, кој главно се базира на подобрување на tvOS и кој се очекува да биде интегриран како основен систем за куќните производи.
9to5mac неодамна откри детали за уредот J490 преку кодот на Apple. Екранот ќе биде речиси со кавдратна форма, а не правоаголен како iPad. За поддршка на Apple Intelligence, Apple ќе го користи чипот A18. Покрај видео повиците, предната камера ќе може да препознава гестови и да поддржува гласовни команди од различни корисници, обезбедувајќи им персонализирани одговори.