Шпаркасе Банка воведува нов станбен и нов потрошувачки кредит со фиксни каматни стапки
Почнувајќи од 1 октомври, Шпаркасе Банка нуди нов станбен кредит во денари со фиксна каматна стапка од3,49% за првите десет години од отплатата. Кредитот е достапен во максимален износ до 24.600.000 МКД со рок на отплата до 360 месеци. Дополнителна поволност е ослободувањето на клиентите од административни, нотарски трошоци и трошоци за процена.
Покрај станбениот кредит, Банката воведува и нов потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,3% за целиот период на отплата, кој трае до 95 месеци, на максимален износ до 1.500.000 МКД.
Со понудата „Кажи YES за фиксна рата во Шпаркасе Банка“, клиентите имаат можност да уживаат во стабилноста на фиксните месечни рати, што овозможува полесно финансиско планирање и поголема контрола врз личните финансии. Без разлика дали станува збор за купување нов дом или за управување со секојдневните трошоци, Шпаркасе Банка нуди решенија што ги олеснуваат финансиските предизвици.
„Фиксните каматни стапки во ова динамично опкружување, се од суштинско значење за ефективно управување со личните финансии и горди сме што ги поддржуваме нашите клиенти во постигнување финансиска благосостојба. Шпаркасе Банка и понатаму продолжува посветено и со задоволство да работи за најдобрите интереси на клиентите. Наша цел е да обезбедиме нашите клиенти да добијат не само иновативни решенија, туку и највисок квалитет на услуги приспособени на нивните потреби. Веруваме дека на тој начин можеме да градиме долгорочни односи и позитивно да придонесеме за нивната финансиска стабилност и финансиско здравје“, изјави Ивана Петревска, директор на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, една од водечките финансиски групации во Средна и Источна Европа, со речиси 200 години традиција. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Северна Македонија, Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг опслужуваат повеќе од 150.000 клиенти во 36 експозитури.
За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница www.sparkasse.mk
#ВерувајВоИднината