Компанијата Caviar, која е позната по своите луксузни модификации на уреди, претстави уште еден модел базиран на смартфонот на преклопување на Huawei, Mate XT Ultimate.
Станува збор за тројно преклопен смартфон, кој беше претставен на почетокот на месецов во црна и црвена боја, а неговата основна цена е 2.555 евра. Во Caviar веднаш ги „засукаа ракавите“ и создадоа две верзии, Black Dragon и Gold Dragon, и двете се дел од колекцијата Rich Colors.
Моделот Black Dragon е инспириран од змеј од кинеската митологија, грбот е покриен со крокодилска кожа и украсен со златни детали.
Мелот Gold Dragon е целосно покриен со 24-каратно злато, а на површината има текстура на мечеви направени во кинескиот град Лонкуан, местото од кое потекнува кинеската уметност на ковање мечеви.
Caviar има намера да произведе 88 примероци од двата модела.
Верзијата Black Dragon чини 12.770, 13.200 и 13.630 долари, додека моделот Gold Dragon чини 14.500, 14.930 и 15.360 долари.
Стандардниот Mate XT Ultimate моментално е достапен само во Кина, додека на меѓународно ниво ќе пристигне во првиот квартал од 2025 година.