Охридското Езеро, едно од најстарите и биолошки најразновидните езера во светот, е под се поголем притисок од загадувањето и човековото влијание. Додека цврстиот отпад како пластика и нетретирани отпадни води се познати закани, под водата се наоѓа потивка, но подеднакво опасна форма на загадување – мрежи духови. Овие напуштени илиизгубени рибарски мрежи продолжуваат да ловат водни организми долго по нивната намена, предизвикувајќисериозна штета на кревкиот екосистем на езерото.
Што се „мрежи духови“?
Мрежите духови се напуштени, изгубени или оставенирибарски мрежи кои продолжуваат да ловат риби, птици и други организми без разлика на нивната намена. Како штообјаснува Душица Илиќ-Боева од Хидробиолошкиотинститут: „ Овие мрежи, можат, носени од водните струи и натаму да ловат, како целни, така и не целни видови риби, но и се она што ќе наиде при нивното движење, меѓудругото и птици, ракови, цврст отпад и други мрежи, кои сезаплеткуваат меѓусебно. Дел од овие мрежи се закачуваат и обвиткуваат околу подводните карпи, а штетата од нив е огромна, бидејќи крајбрежните места со каменест супстратсе воедно и природни рибни плодишта на охридскатапастрмка..“
Еколошкиот импакт
Мрежите духови претставуваат значителна закана закревките екосистеми на Охридското Езеро. Како штоистакнува Илиќ-Боева: „Од причина што пастрмките гиодбегнуваат оние места на кои има трулеж од угинатитеживотни заробени во овие мрежи, пастрмката ги напушта и не ги користи овие локалитети понатаму во периодот на размножување, а со тоа се намалува капацитетот на расположиви локалитети за мрестење.“
Важноста на отстранувањето
Редовните акции за чистење се клучни за спречување на акумулацијата на мрежи духови. „Ако овие мрежи не сеотстрануваат редовно, последиците можат да бидатсериозни,“ предупредува Илиќ-Боева. „Тие ќе продолжат даловат риби и други организми, намалувајќи ги рибнитепопулации и предизвикувајќи долгорочна штета на биодиверзитетот и локалната економија.“
Напори за справување со проблемот
Во последниве години, беа иницирани акции за решавање на проблемот со мрежите духови во Охридското Езеро. На 1октомври, започнува втората нуркачка акција во соработкасо „Амфора,“ за отстранување на мрежите од четирилокации во езерото, со презентација на резултатите на 5-ти октомври. Оваа акција е дел од пошироката платформа„Наша Гордост. Наша Одговорност“ поддржана одСКОПСКО, чија цел е да ја подигне свеста за зачувување на природното наследство и одржливоста. „ Општественоангажираните компании и брендови како СКОПСКО играатклучна улога во долгорочната еколошка одржливост и подигањето на свеста во заедниците. „Наша Гордост. Нашаодговорност“ е одличен пример за ангажирање на бизниситево заштитата на природната средина. Преку поддршка на акциите за чистење на Охридското Езеро, тие не само штопомагаат во физичкото подобрување на состојбата на езерото, туку и создаваат култура на одговорност и грижа заприродата. Таквите иницијативи исто така помагаат воподигнување на свеста кај јавноста за важноста на заштитата на водните ресурси и биодиверзитетот. Когакомпании инвестираат во еколошки проекти и акција, тиеиспраќаат силна порака до своите вработени и клиентитедека грижата за животната средина е важна. Ова може дадоведе до променета на свеста и однесувањето возаедницата, што е клучно за постигнување долгорочнирезултати. Во целост, соработката помеѓу бизнисите, релевантните институции и научната заедница е одсуштинско значење за успешна заштита на ОхридскотоЕзеро. Поддршката на СКОПСКО е важна за создавање на одржливи решенија и за инспирирање на идните генерацииза грижа кон сопственото природно наследство.,“ велиИлиќ-Боева.
Отстранувањето на мрежите духови е само еден чекор конзачувување на уникатниот екосистем на Охридското Езеро. Потребни се континуирани напори за едукација на рибаритеи локалната заедница за штетните ефекти на овие мрежи. „Едукацијата и вклучувањето на заедницата се клучни задолгорочната заштита на езерото,“ нагласува Илиќ-Боева.