Google започна со тестирање на нова функција за верификација, за корисниците да можат да ги добијат најрелевантните и најточните извори на информации преку пребарување.
Новата функција за проверка, која веќе ја знаеме од Facebook, Twitter или Instagram, наскоро би требало да им биде достапна на сите корисници при пребарување на Google.
На овој начин, корисниците ќе избегнуваат лажни извори на информации и кликови, а некои корисници во бета програмата веќе почнаа да пријавуваат „сини ознаки“ покрај термините на пребарувањето на Google.
Иконата покажува дека компаниите, на пример, компаниите како Meta или Apple, се автентични, а не некоја копија. Односно дека информациите од тие избори се проверени.
Моли Шахин, портпаролка на Google, рече дека тие редовно експериментираат со функции кои им помагаат на клиентите да идентификуваат доверливи бизниси на интернет.
Ознаките се тестираат и со Microsoft, Meta, Epic Games, Apple, Amazon и HP, но сè уште не се достапни за поголем број корисници, пишува Verge.
Кога со кусорот минувате над ознаката, се прикажува порака со објаснување дека „Сигналите на Google сугерираат дека овој бизнис е таков каков што тврди дека е“, а тоа се одредува врз основа на потврдата на локацијата, податоците од Merchant Center и мануелните проверки.