Корисниците на iPhone и Android телефоните имаат различни навики, ова важи и за начинот на кој тие одлучуваат да купат нов уред.
Сопствениците на Android имаат поголема веројатност да купат нов телефон отколку лојалните на Apple, според новото истражување на CIRP.
Според Apple Insider, во текот на 2023 година, околу 29% од корисниците на iPhone ги користеле своите телефони три или повеќе години, додека за корисниците на Android, тоа е случај со околу 21% од испитаниците.
Специјализираниот портал сугерира неколку причини за тоа – од фактот што Apple во последните години го фокусира својот бизнис на подобрување на квалитетот, наместо на додавање нови функции, до фактот дека многу сопственици на iPhone често развиваат еден вид „врска“ со својот телефон поради екосистемот што го гради Apple.
Што се однесува до оние кои користат Android, повеќе од половина (околу 57%) од нив рекле дека замениле телефон што не бил користен две години. Една од главните причини за тоа е разновидноста на „Android“ телефони на пазарот.
Дополнително, причината можеби е тоа што уредите со Android се подостапни од телефоните произведени од „Apple“, па сопствениците на Android се помалку „
Според „Apple Insider“, во текот на 2023-та година, околу 29% од корисниците на „iPhone“ ги користеле своите телефони три или повеќе години, додека за корисниците на „Android“, тоа е случај со околу 21% од испитаниците.
Специјализираниот портал сугерира неколку причини за тоа – од фактот што „Apple“ во последните години го фокусира својот бизнис на подобрување на квалитетот, наместо на додавање нови функции, до фактот дека многу сопственици на „iPhone“ често развиваат еден вид „врска“ со својот телефон поради екосистемот што го гради „Apple“.
Што се однесува до оние кои користат „Android“, повеќе од половина (околу 57%) од нив рекле дека замениле телефон што не бил користен две години. Една од главните причини за тоа е разновидноста на „Android“ телефони на пазарот.
Дополнително, причината можеби е тоа што уредите со Android се подостапни од телефоните произведени од Apple, па сопствениците на Android се помалку „финансиски врзани“ за своите технолошки „миленичиња“.