Моден Викенд Скопје се враќа со својата 29-та сезона во полн сјај, подготвен да ја редефинира модната сцена. Под мотото „Fashion Forever“ , од 25 до 28 октомври, Културниот Центар Лабораториум во Скопје ќе биде домаќин на најзначајниот моден настан во регионот, кој ќе ја истакне бескрајната моќ на модата како културна и економска сила.
Ова издание ќе биде фокусирано на иновациите и одржливоста– теми кои ја обликуваат иднината на модната индустрија. Со особен акцент на креативната интерпретација, настанот ќе служи како платформа каде локалните таленти ќе се сретнат со глобалните трендови, додека традицијата и футуризмот ќе се преплетуваат во уникатен моден концепт.
FWSK29 започнува со специјална изложба курирана од Амбасадата на Шведска. Изложбата „Fashion. Forever“ ќе ја нагласи циркуларната економија и еволуцијата на модната и текстилната индустрија, прикажувајќи ги најновите трендови, новите канали, иновативните алатки и бизнис модели. Главниот акцент на оваа сезона е поставен на одржливата мода, креирањето нови визии за модната иднина и ангажирањето на млади таленти кои преку свои уникатни решенија ќе покажат дека модата може да биде еколошки свесна.
Од изложбите кои ќе ја отворат програмата, до креативните панели и модните ревии, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во настани кои го поттикнуваат дијалогот за одговорноста на модната индустрија кон животната средина.
Моден Викенд Скопје е платформа за визионерите на модната иднина, каде секој чекор е инспириран од идејата дека модата е вечна, но секогаш прилагодлива на новите времиња и предизвици.
Не пропуштајте го овој исклучителен настан, каде што модата и културата се спојуваат во еден непрекинат тек на креативност и иновација.
Овој сет од настани е поддржан од пријателите на FWSK29:
- Официјална локација на настанот: Културниот Центар Лабораториум
- Официјален пијалок: Tanqueray London Dry – глобален бренд на џин, познат по својот посебен и класичен вкус; Johnny Walker – најпознатото шкотско виски на светот, бренд роден од страст и верба; DON JULIO – врвен бренд на текила, основан од Дон Хулио Гонзалес во 1942 година во Мексико, омилена меѓу љубителите на текила. Schweppes – врвен освежителен пијалак со софистициран вкус, омилен меѓу оние кои бараат освежување со стил.
- Официјален парфем: Мартимекс со Версаче Официјален партнер за шминка: Revlon, во соработка со СУГС „Димитар Влахов“ .
- Официјален партнер за фризури: Пегли и Фенови за коса Philips, во соработка со СУГС „Димитар Влахов“ .
- Партнер за грижа на ткаенините: Perwoll Renew.
- Проектни партнери: Обуќа Метро, MG ART , KP Chairs, Хотел Тимс, Аманти паста и вода Маја.