Компанијата SpaceX е подготвена да ја лансира својата мегаракета Starship по петти пат, а тоа би можело да се случи на 13 октомври.
SpaceX ја наведува недела како можен ден за лансирање, иако Федералната управа за авијација, која издава дозволи, вели дека петтиот тест најверојатно ќе треба да почека до ноември.
Starship последен пат полета во јуни, кога ги исполни своите цели. Ракетата е вратена на Земјата, извршено е „меко“ слетување на Starship и Super Heavy бустерот во морето, а новата цел е да се приземји бустерот на лансирната рампа, што вклучува фаќање на лансираната кула со „раце “.
Можното лансирање беше објавено преку мрежата X од SpaceX, кој наведе дека чека само дозвола од FAA. Целта на компанијата е да го заврши развојот на Starship, ракетата која во иднина ќе пренесува астронаути на Месечината како дел од мисијата Артемида 3, која моментно е закажана за 2026 година.