SpaceX го лансираше својот петти пробен лет на Starship од Тексас и го врати големиот потисник на ракетата назад на копно за прв пат, користејќи нов метод за враќање што вклучува џиновски метални раце.
Компанијата SpaceX на технолошкиот милијардер Елон Маск ја лансираше најмоќната ракета на светот. Ова е голема пресвртница за ракета која би можела да носи луѓе на Месечината и Марс.
За време на летот, ракетата Starship успеа да направи нешто што досега не било направено – безбедно да слета на носач на ракети со име Super Heavy.
На претходните летови, ракетниот засилувач слета во Индискиот Океан, додека овој пат нежно се спушти кон лансирната рампа. Таму успешно беше фатен од комплет масивни метални раце.
Во тој момент контролната соба еруптираше во воодушевување. За време на преносот во живо, инженерката на SpaceX Кејт Тајс извика: „Ова е апсолутно лудо!“.
https://x.com/elonmusk/status/1845467052443828579?s=61
Сопственикот на SpaceX најави успешно лансирање на својот X профил, а лансирањето можеше да се следи во живо на профилот на компанијата.
Ова е петти тест по ред на ракетата Starship, а последниот беше извршен во март годинава. Претходните летови беа прекинати од експлозии само неколку минути по лансирањето.