Oppo Find X8 го донесува Quick capture копчето, овозможувајќи брз пристап до камерата и лесно зумирање со капацитивниот сензор дури и под вода, благодарение на IP68 сертификатот
Компанијата Oppo ги следи стапките на Apple со враќање на наменско копче за камерата. Компанијата се подготвува за лансирање на серијата Find X8 со физичко копче сместено од страна, што го олеснува фотографирањето. Решението Quick Capture е капацитивно копче на допир, а во текот на викендот можевме да погледнеме видео, кое објаснува како ќе функционира копчето.
Менаџерот за производи за Oppo Find серијата, откри дека копчето може да се притисне два пати за да се активира апликацијата за камерата. Со долго притискање се фотографира, но поинтересно е тоа што бочноот повлекување ќе овозможи зумирање со камерата.
Главната причина за постоењето на ова копче е тоа што понекогаш не може да се допре екранот за да се фотографира. Поради тоа, демо видеото е наменето за користење на телефонот под вода, бидејќи ќе има сертификат IP68, но претставникот на Oppo посочува дека ќе биде лесен за користење и во пејзаж и во портрет режим. Мораме да забележиме дека Oppo веќе има слична функција на моделот Find X7 Ultra со ColorOS 14. Двојното притискање на кое било копче за јачина на звук ја активира камерата, а потоа може да се притиснат копчињата за да се зумира, иако тоа не функционира толку мазно како со повлекување со прстот, пишува GSM Arena.
Погледнете го видеото кое покажува како ќе изгледа користењето на копчето: