Покрај Kindle Colorsoft, објавени се и нови верзии на Kindle Scribe, Kindle Paperwhite и нов основен Kindle модело со нова боја
Amazon го претстави својот прв читач за е-книги со дисплеј во боја, еден од новите уреди Kindle серијата. Kindle Colorsoft Signature Edition ќе може да репродуцира корици на книги во боја, слики, стрипови и графички романи како и автори и илустратори кои имаат намера да ги прикажат.
Има и опција за подцртување во боја наместо вообичаеното сиво. Моделот постигнува висок контраст и резолуција, како и поголема јасност на сликите и страниците. На тој начин, при зумирање на сликите, тие нема да бидат пикселирани.
Читачот постигнува и добри перформанси во боја, а како дополнителен бонус, прелистувањето е 25% побрзо од претходната генерација. Amazon имплементира и некои хардверски и софтверски промени, како на пример користење на нитратни LED диоди кои работат со алгоритмот на компанијата за подобрување на бојата и осветленоста без избледување на сликите. Прилагоденото кодирање ја фокусира светлината низ секој пиксел за да не се мешаат боите на екранот.
Цената на новиот модел во боја во Европа изнесува околу 290 евра, а продажбата започнува на 30 октомври.
Покрај Kindle Colorsoft, Amazon ги претстави и новите моделиу на Kindle Scribe, Kindle Paperwhite и нов основен Kindle со нова боја. Новиот Kindle Scribe ја носи функционалноста на Kindle на след о ниво со можноста за пишување белешки со пенкало. Поради e-ink технологијата на екранот, овој уред треба да овозможи искуство кое е скоро исто како пишувањето на хартија.
Kindle Paperwhite доби нова верзија која се истакнува дека е доста побрза, односно овозможува многу подобро искуство при прелистувањето на книгите и нивното читање, додека основната и најмала верзија на Kindle доби подобрувања кај перформансите, како и нова боја.