Samsung Galaxy Z Fold 6 Special Edition ќе биде претставен на 21 октомври со потенок дизајн и подобрени камери
Веќе подолго време се зборува за тоа како Samsung ќе претстави потенка и технички понапредна верзија на преклопниот модел Galaxy Z Fold 6. Сега е сигурно дека Galaxy Z Fold 6 Special Edition ќе биде претставен следната недела.
Видеото објавено од Samsung Korea на нивниот канал на YouTube открива дека Galaxy Z Fold 6 Special Edition ќе биде лансиран на 21 октомври. Тоа е неколку дена порано од првично очекуваното, а се наведув дека уредот ќе биде лансиран само во Кина и Јужна Кореја.
Видеото е тизер за претстојниот телефон и прикажува лице кое носи писмо во плико и го турка под врата. Отворањето на ковертот открива телефон на преклоп на кој е испишан датумот 21.10.2024 на екранот и пораката „Поканети сте“.
Galaxy Z Fold 6 Special Edition се очекува да има потенок дизајн. Дебелината на телефонот се предвидува да биде 4,9 мм кога е расклопен и 10,6 мм кога е преклопен. Иако сè уште не е толку тенок како некои смартфони на преклоп од кинеските брендови, ова е дефинитивно чекор во вистинската насока. Покрај тоа, Samsung најверојатно ќе го задржи IP48 сертификатотр за отпорност на прашина и вода, што им недостига на кинеските телефони на преклопување. Уредот би можел да има титаниумска рамка, слична на онаа како кај Galaxy S24 Ultra.
Телефонот би требало да има 6,5-инчен надворешен дисплеј и 8-инчен преклоплив внатрешен екран. Се очекува да има малку поголема батерија за поддршка на поголемите екрани. Ќе се напојува со Android 14 со претходно инсталиран One UI 6.1.1 интерфејс, со гарантирани седум главни идни надградби на Android оперативниот систем.
Претстојниот уред на преклоп би можел да го користи истиот Snapdragon 8 Gen 3 процесор како Galaxy Z Fold 6. Сепак, би можел да има и подобри камери. Според некои извештаи, Galaxy Z Fold 6 Special Edition ќе добие примарна задна камера од 200 MP, додека другите камери би останале непроменети, како кај стандардниот модел Galaxy Z Fold 6, пишува Sammobile.