OnePlus може да се пофали со некои многу добри понуди меѓу паметните телефони од високата класа. Компанијата постигнува одличен баланс помеѓу цената и спецификациите, а тоа го очекуваме и од следната генерација.
Се разбира, зборуваме за претстојниот OnePlus 13, кој наскоро треба да дебитира во Кина. Во меѓувреме, сепак, дојавувачот OnLeaks сподели наводна фотографија од идниот флегшип на компанијата.
Се чини дека се работи за официјалнаа слика која е објавена на кинеските социјални мрежи. Фотографијата го црниот заден дел, прекинувач за исклучување на звукот и редизајнирана рамка. Забележливо е и логото Hasselblad кое сега се наоѓа на задната страна од телефонот.
Ова е дизајн кој одговара на претходните гласини и не претставува радикална промена во визијата.