SpaceX бара дозвола да користи поширок радио спектар и пониска орбита за да ја подобри својата мрежа и да обезбеди побрз интернет за корисниците ширум светот
SpaceX поднесе новo барање до американската Федерална комисија за комуникации (FCC) за да добие одобрение за работа на речиси 30.000 нови Starlink сателити во орбитата на Земјата. Компанијата планира да ја надгради својата мрежа за да обезбеди гигабитни интернет брзини за корисниците ширум светот.
Минатиот петок, SpaceX поднесе FCC апликација за модификација на мрежата Starlink од втората генерација, барајќи дополнителен радио спектар и пониски сателитски орбити. Планот вклучува употреба на фреквенции на е-појас и работа на сателити во опсег од 530 до 480 километри над Земјата.
Денеска компанијата поднесе уште едно барање, барајќи поширок опсег на фреквенции и пониски орбити. Исто така, бара одобрение за лансирање до 29.988 сателити, што одговара на првичното барање за втората генерација на мрежата Starlink, иако FCC претходно одобри лансирање на само 7.500 сателити.
Според SpaceX, овие промени ќе овозможат гигабитни брзини на интернет, мала латентност и широко распространето мобилно поврзување, како во САД, така и во целиот свет. Компанјата планира да ја намали орбитата на опсег помеѓу 340 и 365 километри, што би можело да ја намали латентноста под 20 милисекунди.
SpaceX бара пристап и до фреквенциите на L, S, Ku, Ka, V и W-бендот за да ја подобри брзината на преземање и испраќање податоци. Компанијата планира да лансира понапредни V3 Starlink сателити користејќи го својот ракетен систем Starship.
Додека SpaceX тврди дека овие надградби нема да се мешаат со другите мрежи, можно е ривалите да се спротивстават, како што тоа го направија во претходните барања за дозвола на FCC.