Халкбанк го најавува СинтЕЗа – иновативен мултимедијален настан на кој младите од седум факултети преку уметност, технологија и наука ќе ги претстават визиите за слободата и за нивната улога во современото општество. СинтЕЗа ќе се одржи идниот петок (25 октомври) во Јавна соба во Скопје, каде целиот простор ќе биде претворен во платформа за изложби, музички перформанси, проекции и театарски претстави. На настанот ќе учествуваат студенти од факултетите за ликовна, музичка и драмска и балетска уметност, како и од архитектонски, машински, шумарски факултет и од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
„Со СинтЕЗа отвораме простор младите да ја презентираат својата креативност и слободно да ги изразат своите идеи преку спој на уметност и технологија. Веруваме дека оваа платформа ќе поттикне нови начини на размислување и креирање во различни области и ќе ги охрабри младите да го заземат своето место како двигатели на позитивните промени во општеството. Халкбанк секогаш иницира и поддржува проекти кои на автентичен начин ги стимулираат младите да бидат креативни, иновативни, гласни и свои“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.Една од клучните цели на СинтЕЗа е да покаже дека младите се способни да ја преобликуваат реалноста во која живеат, да се адаптираат на современите технолошки трендови и да влијаат на иднината. Со овој настан, Халкбанк им отвора простор за дијалог и соработка на младите уметници, инженери и научници, создавајќи синтеза од нивните креативни идеи и технологии кои ќе бидат претставени пред јавноста.
На овој настан Халкбанк како двигател на иновациите, промените, модерните услуги, се претставува со пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy) кој е создаден да одговара на секојдневните потреби на младите луѓе, студентите, средношколците, младите претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Пакетот нуди беспплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.
Како дел од оваа иницијатива, Халкбанк ќе поттикнува и финансиска едукација на младите, присуство на културни и забавни настани, како и општествено-одговорни практики за заштита на животната средина.
Мултимедијалниот настан СинтЕЗа е од отворен карактер, а влезот е слободен за сите посетители.