На паметните телефони одвреме-навреме им треба малку внимание и грижа. Но, не мора да посетувате одреден сервисен центар, можете и сами дома да направите „мал сервис“
Мобилните телефони се забавуваат со текот на времето и честото користење. Ова делумно се должи на количината на податоци што ги складираме во уредот, а делумно на апликациите што се инсталирани.
Се разбира, ова не значи дека треба веднаш да купите нов телефон кога вашиот сегашен ќе забави. Можете сами да го освежите, користејќи „мини сервис“ што ќе го направите сами. Првиот чекор во овој потфат треба да биде чистење на надворешната страна на телефонот.
Ако имате заштитна маска на телефонот – отстранете ја и добро избришете го уредот со сува крпа за да ја отстраните прашината и нечистотијата. Обрнете посебно внимание на отворите за полнење, звучникот и микрофонот.
Избришете ги сите апликации што не ги користите редовно. Одвреме-навреме, Android предупредува кои апликации не сте ги користеле долго време и ќе ги спречи да пристапат до важни податоци. Сепак, можете сами да ги отстраните непотребните апликации со наоѓање на опцијата Applications во поставките, со список на сите апликации (вклучувајќи ги и оние што не сте ги користеле неодамна). Таму можете да ги отстраните непотребните апликации.
Има и едноставен начин да се ослободите од документите кои со текот на времето се наталожиле во вашиот телефон, а кои некогаш ви биле потребни или биле корисни кратко време, а сега веќе не ви се корисни. Можете да ги отстраните со одење во Documents/Files/File Manager и слично.
Прегледајте што имате во делот Downloads, каде што можете да ги најдете сите документи што некогаш сте ги презеле на вашиот телефон. Прелистајте низ документите и избришете ги оние што повеќе не ви требаат. Истото важи и за Photos за фотографии и галерии – отстранете ги сите оние заматени или лоши фотографии што се натрупале со текот на времето.
Оптимизирајте го вашиот уред со вклучување на опцијата за оптимизација што ја има речиси секој модерен телефон. Ќе ги затвори апликациите што работат во заднина, ќе открие зголемена потрошувачка на батерија и ќе провери дали случајно не сте „закачиле“ малвер некаде.
Ако сакате да заштедите батерија, вклучете Dark Mode. Оваа опција може да се најде во Settings под Display.
Конечно, влезете во Settings, изберете ја опцијата Privacy и таму пронајдете ја опцијата Permissions Manager. Поминете низ секоја категорија за да видите кои апликации имаат пристап до кој дел од телефонот и податоците.
Можете да изберете една од трите опции – да одбиете дозвола, да дадете дозвола само еднаш кога апликацијата е во употреба или да дадете дозвола за апликацијата трајно да пристапува до уредот. Се препорачува да дадете дозвола само еднаш или само кога апликацијата е во употреба, за да се намали можноста за злоупотреба.