ColorOS 15 донесува освежен изглед со нови икони, а во најголем дел содржи функции за вештачка интелигенција кои би требало да го олеснат користењето на смартфоните
Во пресрет на очекуваното претставување на Find X8 флегшип серијата, кинескиот производител Oppo го претстави ColorOS 15, нова верзија на неговиот интерфејс базиран на претстојниот Android 15.
Имено, ColorOS 15 донесува освежен изглед со нови икони, одделен центар за известување и контрола, динамични светлосни ефекти и природни елементи на светлина и сенка низ корисничкиот интерфејс. Новите системи Aurora и Tidal Engine овозможуваат рендерирање на ниво на системот, што значи дека анимациите на апликациите можат да работат паралелно, овозможувајќи побрзи и помазни транзиции.
Новиот интерфејс има дополнителни оптимизации на ниво на системот, кои според Oppo, обезбедуваат до 18 проценти подобар одзив на апликацијата и до 26 проценти побрза инсталација. Воведена е и динамична распределба на кеш меморијата низ целиот систем што управува со ресурсите во реално време, што исто така треба да придонесе за непречено функционирање на ColorOS.
Понатаму, вештачката интелигенција игра голема улога во ColorOS 15. Асистентот XiaoBu на компанијата може да се повика на кој било екран, а корисниците можат да водат природни разговори со континуирани информации за контекстот. Дополнително, постои опција за пребарување што работи насекаде во интерфејсот, што многу наликува на Circle-to-search на Google.
Oppo ја подобри i обработката на слики користејќи вештачка интелигенција, овозможувајќи отстранување на луѓе и рефлексии со еден допир, отстранување на заматувањеto во портретите и паметно подобрување на резолуцијата на сликата. Live Photos сега поддржува електронска стабилизација на слика (EIS), а треба да се напомене дека вештачката интелигенција е воведена и во други апликации, како што се белешките или снимачите на глас.
Новата верзија на ColorOS ќе биде достапна веднаш на моделите од Find X8 и OnePlus 13 серијата. Постарите модели, вклучувајќи ги Find X7, Find N3, Find N3 Flip и OnePlus Ace 3, ќе ја добијат надградбата следниот месец.