Samsung официјално го објави Special Edition моделот на својот паметен телефон Galaxy Z Fold6, а уредот првично ќе биде достапен само на пазарот во Јужна Кореја
Покрај тоа што е полесен и потенок, новиот модел има и малку поголем надворешен и внатрешен екран, како и нов дизајн на задната страна. Исто така, нуди повеќе меморија за Galaxy AI, а има и надградена камера од 200 MP.
За жал, моделот моментно е достапен само за купувачите во Јужна Кореја, каде што чини нешто повеќе од 2.000 долари. Продажбата ќе започне во петок, на 25 октомври, а се чини дека следниот пазар ќе биде Кина.
Дебелината на Galaxy Z Fold6 SE е 10,6 мм, а уредот тежи 236 грама. Тоа значи дека е 1,5 мм потенок и 3 грама полесен од стандардниот модел. Стандардно располага со 16 GB RAM, а надграден е и сензорот на задната камера од 50 на 200 MP. Внатрешните и надворешните екрани се малку поголеми, односно се работи за панели од 7 и 6,5 инчи во споредба со екраните од 7,6 и 6,3 инчи кај стандардната верзија, што го прави уредот малку повисок и поширок.