Една од големите иновации на Apple оваа година е системот со вештачка интелигенција наречен Apple Intelligence. Сепак, платформата е сè уште во процес на развој и допрва ќе биде целосно достапна за корисниците.
Според Извршниот директор на компанијата, Тим Кук, Apple Intelligence веќе го менува животот, вклучувајќи го и неговиот. Ова доаѓа во време кога има индикации дека компанијата заостанува околу две години во овој аспект зад своите конкуренти.
Сепак, Кук, не се грижи за тоа, и во интервју за Wall Street Journal споделува дека Apple не е меѓу првите во секторот, но компанијата тоа го прави на начин кој смета дека е најдобар за корисниот. Тој наведува дека нема ништо против тоа да не бидат први, бидејќи е потребно одредено време за да се постигне нешто навистина извонредно.
Според него, потребни се многу итерации за да се исчистат сите детали, а тоа одзема време. Apple претпочита да излезе со таков производ и таков придонес за луѓето, отколку да биде прв на пазарот. Во случајот со Apple Intelligence, Кук вели дека широко ја користи функционалноста за сумирање на е-поштата, што му заштедува време.
Apple објави дека Apple Intelligence ќе се воведува поетапно и на различни територии во текот на следните неколку месеци. Се очекува првата голема верзија да биде достапна на 28 октомври, вклучувајќи ја и Македонија. Сепак, засега нема индикации кога ќе се појави во земјите на Европската унија.