Серијата Find X8 доаѓа во пакување со полнач од 120 W, кој може да полни два уреди во исто време
Само неколку часа не делат од лансирањето на водечката серија телефони на Oppo за 2024 година, серијата Find X8. Компанијата веќе најави неколку нови функции, а денес откри интересни детали за можностите за полнење на уредите. Серијата Find X8 доаѓа со полнач од 120 W во кутијата, кој е способен да полни два уреди истовремено – што е идеално за канцелариски средини. Дополнително, полначот може да се користи и за напојување лаптопи.
Адаптерот за напојување е базиран на најновата технологија на Oppo со галиум-нитрид, што го прави исклучително енергетски ефикасен. Како резултат, може да испорача силна струја при ниски вредности на напон.
Што се однесува до конфигурацијата на излезните конектори, адаптерот доаѓа со Type-C и Type-A порти, обезбедувајќи излез од 80 W + 45 W за полнење на два уреди истовремено. Важно е да се напомене дека Type-C портот нуди полнење од 80 W.
Компанијата, исто така, ќе лансира 80 W power bank и магнетен power bank кои се очекува да бидат претставени на 24 октомври, заедно со серијата Find X8. Според претходни извештаи, компанијата планира да создаде цел екосистем на магнетни додатоци.
Серијата вклучува три уреди: Oppo Find X8, Find X8 Pro и Find X8 Ultra (се очекува да биде лансиран на почетокот на следната година).
Според претходни, но сè уште официјално непотврдени информации, стандардниот и Pro моделите ќе имаат батерии со капацитет од 5700 mAh и 5800 mAh и ќе поддржуваат брзо полнење од 80 W. Затоа компанијата дизајнираше соодветен полнач, имајќи на ум два уреди со високи перформанси.
Find X8 и Find X8 Pro ќе користат Dimensity 9400 чип, додека Ultra моделот ќе има Snapdragon 8 Elite (или 87 Gen 4) чип, сличен на оној кој ќе го користат iQOO 13 и OnePlus 13 моделите, чие лансирање исто така се очекува кон крајот на октомври. Двата телефона имаат целосно рамен дизајн, што е значајна промена во однос на Find X7 и Find X7 Ultra. Исто така, Oppo презеде неколку чекори за да го направи екранот попријатен за очите, пренесува Gizmochina.